ММС

Објавено на: 02/21/21 2:27 PM

(Видео) Со песната „Оливера“ погребан Балашевиќ, сите влезови на гробиштата затворени

Познатиот кантавтор Ѓорге Балашевиќ беше погребан денес, на Градските гробишта во Нови Сад, во кругот на семејството и најблиските пријатели, а до вечното почивалиште го придружуваа  тамбурачи со неговата омилена песна „Оливера“ .

Синот на Балашевиќ Алекса прв пристигна на гробиштата, а сите влезови на Градските гробишта беа затворени.

Семејството сакало само во кругот на најблиските да се простат од Балашевиќ, па ангажирале приватно обезбедување, кое ги затворило сите влезови на гробиштата.

Денешниот датум 21 февруари е прогласен за Ден на жалост во Нови Сад, одлучи градоначалникот Милош Вучевиќ.

“Ги исклучивме светлата во Градското собрание со цел да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент за семејството Балашевиќ, но и за целиот град, држава и регион”, рече Вучевиќ на Твитер.

Балашевиќ почина во петокот, 19 февруари, во Клиничкиот центар во Нови Сад на 67-годишна возраст, од пневмонија предизвикана од вирусот корона.

Собири по повод смртта на Балашевиќ се одржаа низ цела Хрватска, во Сараево, Црна Гора и Македонија, но и во Белград и Нови Сад.

Извор: mondo.rs

Фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.