ММС

Објавено на: 02/20/21 11:47 PM

Нека ми те чуваат анѓелите, мамо! Почина пејачката Марина Пухариќ

Марина Пухариќ (66), пејачка на староградски и забавни песни почина вчера. Таа ќе остане запаметена по многу познати песни, што ги отпеа со групите „Македонија“ и „Сирма“, но и подоцна како „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“,  „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“…

Пухариќ се повлече од сцената и работеше како наставничка по физика и хемија.

Многу нејзини колеги се простија од Марина на социјалните мрежи, а најемотивно е, секако, од нејизната ќерка Милка Пухариќ Џартовска.

-Душа моја. Ангел. Најважната личност во мојот живот. Никогаш повеќе нема гласот да ти го слушнам… Веќе ми недостигаш премногу, мамо. Нека ми те чуваат ангелите, напиша нејзината черка Милка.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел во Скопје од 13:30 до 14 часот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.