ММС

Објавено на: 02/20/21 9:27 PM

Наоми Осака е шампионот на „Аустралијан Опен“

Јапонската тенисерка Наоми Осака ја совлада американската тенисерка Џенифер Брејди со 2:0 во сетови (6:4, 6:3) и се искачи на тронот на „Аустралијан Опен“.

Американката во Мелбурн пристигна како 24-та на АТП листата и ги надмина сите очекувањата на првиов Гренд Слем во календарската тениска година. Сепак во финалето, шансите не беа наклонети на нејзина страна. Наоми Осака за еден час и осумнаесет минути го финишираше дуелот и го освои својот четврти „голем“ трофеј.

Oва за Осака претставува втора титула на „Аустралијан Опен“ по покорувањето на Мелбурн во 2019-та година. Со оваа победа Наоми Осака станува првиот женски тенисер од Моника Селеш кој остварил победа во своите први четири појавувања во завршницата на Гренд Слемовите. Селеш во 1990-91 година поставила висок стандард кој денес е достигнат од талентираната Осака.

Јапонката на свое конто во кариерата има забележано седум титули, а со победата над Брејди од следната седмица ќе напредува на втората позиција на АТП листата.

Еминентниот тениски турнир во Австралија утре ќе ја постави сцената за последниот чин. Во машкото финале Ѓоковиќ и Медведев ќе ги вкрстат копјата на „тврдиот“ терен во Мелбурн.

 

 

 

 

Фото:

skysports.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.