ММС

Објавено на: 02/20/21 8:48 PM

Усогласеноста на Северна Мекдонија со надворешна политика на ЕУ е 92 отсто, вели Димитров

Степенот на усогласеност на Северна Македонија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија за 2019 изнесува 92 отсто, објави на Фејсбук вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров.

– Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%, наведува Димитров во објавата, реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за Бугарското национално радио (БНР) дека усогласеноста на земјава со заедничката надворешна политика на ЕУ е под 50 отсто.

Димитров во објавата наведува дека очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци.

– Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски, додава вицепремиерот за европски прашање во својот фејсбук-статус.

Во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија од октомври 2020 година се посочува дека во однос на заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата земјава во 2019 година била усогласена „со 84 од вкупно 91 изјава на високиот претставник за ставовите на ЕУ и (Европскиот) Совет, што претставува стапка на усогласеност од 92 отсто”.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.