ММС

Објавено на: 02/20/21 9:34 PM

(Видео) И небото заплака по него – Скопјани со громогласен аплауз му одадоа почит на Балашевиќ

И небото заплака по панонскиот морнар, но дождот не го спречи Скопје да се прости од Ѓорѓе Балашевиќ.
Обожавателите тивко од минута во минута се собираа пред Универзалната сала и палеа свеќи во чест на големиот поет и музичар. Солзи и неверување, дека големиот поет замина на небото, меѓу ѕвездите.

Скопјани ќе го паметат по песните кои ја допираат душата. Со овие стихови се раѓале најмолемите љубови, но и разделби и затоа со громогласен аплауз се простија од легендарниот пејач.

Балашевиќ почна вчера на својата 67-годишна возраст  на Инфективната клиника каде пред некоку  дена бил хоспитализиран, по десетдневното лекување во домашни услови.

Панонскиот морнар ќе биде погребан во понеделник, а денот на погребот ќе биде прогласен за ден на жалост во Нови Сад.

Мирно небо, морнару!

Весна Петровска

Фото: Вангел Тануровски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.