ММС

Објавено на: 02/20/21 8:22 PM

Безбедносните сили отворија оган кон демонстрантите во Мјанмар: Загинаа две лица

Најмалку две лица го загубија својот живот во Мјанмар, откако безбедносните сили отворија оган кон лицата што се собраа за да протестираат против пучот и апсењето на избраните членови на Владата, јавува Агенција Анадолија (AA).

Според веста на интернет-страницата „Myanmar Now“, група луѓе се собрале во градот Мандалај со цел да протестираат против пучот, но потоа се соочија со острата интервенција на војската и полицијата на Мјанмар.

Забележано е како војниците отвораат оган кон толпата, додека полицијата интервенирала со вода под притисок.

Според очевидците, за време на инцидентот најмалку две лица го загубиле животот, а шест лица се тешко повредени.

Според соопштеното, по интервенцијата на безбедносните сили, групата се оддалечила околу 17:30 часот по локално време напуштајќи го плоштадот во градот.

Инаку, бројот на загинати од интервенцијата на безбедносните сили се искачи на три лица, откако 20-годишна демонстрантка беше застрелана во главата на 9 февруари во главниот град Нејпјидо.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.