Трагедија во Гевгелија, трагедија во македонската кошарка. Младиот кошаркар на Кожув, Иван Пенов, го загуби животот во сообраќајна незгода, соопштија од неговиот матичен клуб.
Осумнаесетгодишниот Пенов настапуваше во младинските категории за Кожув, но беше регистриран и за сениорскиот тим на прволигашот од југот на земјава во нивната 2020/21 кампања.
-Во неверување за напуштањето на досегашната млада надеж, изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Пена, стоеше во краткото соопштение на КК Кожув на нивната официјална „Фејсбук“ страница.
Во неверување за напуштањето на досегашната наша млада надеж, изразуваме длабоко сочувство до фамилијата и најблиските. Почивај во мир Пена! 💔
Posted by КК Кожув on Saturday, February 20, 2021
Фото:
Facebook / KK Kожув