ММС

Објавено на: 02/20/21 4:05 PM

Претреси во радовишко, пронајдено оружје

Полицијата при претреси во домовите на двајца жители на радовишкото село Јаргулица пронашла и одзела повеќе ловни пушки, сигнален пиштол и муниција.

Претресите, како што информираат од МВР, биле со судска наредба и по целосното документирање ќе следат соодветни поднесоци.

– Вчера во 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Д. А. (38) од село Јаргулица, при што било пронајдена и одземена ловна пушка марка „ИЖ” и 13 патрони калибар 16 мм, информираат од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека на 19.02.2021 во 08 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Т. С. (54) од село Јаргулица при што биле пронајдени и одземени две ловни пушки марка “Црвена застава”, 51 патрон ловечка муниција калибар 12 милиметри. и сигнален пиштол марка “Екол”.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.