ММС

Објавено на: 02/20/21 3:50 PM

Постои разлика помеѓу барањата на Бугарија и очекувањата на Северна Македонија, изјави Ќучук

Скопје е подготвено за разговор со Софија, но постои голема разлика помеѓу бугарските барања и очекувањата на Република Северна Македонија, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ќучук оцени дека како постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија има одговорна позиција, која бара од него да ја координира целокупната политика на ЕУ, но од друга страна, фактот што е бугарски политичар, не го спречува да влезе во разговор за односот помеѓу двете земји и да покрене прашања што го засегаат.

– Пред сите официјални лица го покренав прашањето за запаленото бугарско знаме, за сквернавењето на симболите, но со иста тежина и исти аргументи и за правата на бугарските граѓани, на луѓето кои чувствуваат бугарска самосвест, како и за правата на сите други малцински групи, рече Ќучук.

Според него, не може да се зборува за човекови права и слободи само кога доаѓаат избори и само кога тоа е важно од гледна точка на еден или друг интерес.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.