ММС

Објавено на: 02/20/21 2:54 PM

(ВИДЕО) Крмов: Ние ја расклимавме владата со личните карти

„Ние со Преспанскиот Договор имаме обезличување на оваа држава, сведување на територија, обезличување на институциите, а претходно со Рамковниот договор имаме уништување на македонски нации од внатре, отфрлање на анционалниот и државниот концепт, сега одиме на етнички, на племенски концепт“, изјави Борислав Крмов при денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Тој истакна дека откако тие како политичка партија Левица го блокирале законот за етничката припадност да биде запишана во личните карти, предизвикале расклимување на Владата.

„Македонија се сведува на територија во која има каша од етнички заедници, веќе немате носечки национален елемент, и тие за тоа се залагаат. Кои се предлагачите БЕСА која има исто име со фашистичка партија што била на оваа територија за време на Втората светска војна, и Алијанса за Албанците кои с екоалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ кои одат на избори со знамето на голема Албанија, и најголемиот поддржувач е ДУИ, и тие три партии сега наводно го спасуваат македонскиот идентитет. Дали вие следевте што се случи во медиумите откако ние како Левица го блокиравме законот, колку партии од коалицијата на мали партии од коалицијата на СДСМ излегоа со спротивен став. Откако ние го блокиравме незадоволство изразија НСДП, ДОМ, Демократски сојуз и ЛДП спремаат став најверојатно негативен, ние ја расклимавме Владата со ова“, вели Крмов.

Крмов рече дека државата треба да се концентрира повеќе на колективното, а не да се остави индивидуата сама, државата е систем кој се грижи за државата, а не да го раствора системот на атомизирани единики.

-Нема ниту едно позитивно светско искуство со ова решение, знаете колку држави има во светот со етнички лични карти, нула, држави во Европска унија, нула. Од пред 15 години имало околу 20 –на држави со вакво решение и по одредени студии кога виделе колку е штето ова за едно општество тие ги исфрлиле. Сега имаме само 6 или 7 држави мислам во светот што имаат вакво „решение”.

Македонците тука се доминатниот национален елемент, македонците биле етничка заедница во кралевска Југославија, преку НОБ, против фашизмот и се имаат издигнато како народ кои имаат своја држава. Кога ќе кажам народ, не мислам на етнички народ, сите се дел од македонскиот народ. И сега со овие лични карти тој се спушта во смао една од останатите етнички заедници, додаде Крмов.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.