ММС

Објавено на: 02/20/21 12:48 PM

Ана Бекута „удри“ по колешките од естрадата: Сите личат една на друга, бидејќи прават исти операции

Пејачката Ана Бекута откри што мисли за изгледот на помладите колешки на естрадата.

Таа истакнала дека мерата е најважна кога се работи за естетски операции и дека се почесто слуша коментари дека нејзините млади колешки личат една на друга.

-Немам ништо против пластичните операции, но имам против тоа сите жени да личат една на друга затоа што прават исти операции. На ист начин ги пумпаат усните. Мислам дека треба да бидат малку различни, рекла Ана за „Ало“ и додала:

-Ако секоја тоа би го правела во склад со нејзиниот облик на лице и очи, тоа би било естетски убаво.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.