ММС

Објавено на: 02/20/21 12:18 PM

Тешка сообраќајка во дојранско – почина 19-годишник гевгеличанец

На 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.