ММС

Објавено на: 02/20/21 10:54 AM

Крмов: Нема ниту едно позитивно светско искуство со етнички лични карти

Во денешната емисија „Стадион“ на Канал 77 гостин е Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ и Борислав Крмов од Левица, а темата е етничката припадност во личните карти, демократија или нова дискриминација, гетоизирање и поделба на општеството.

Борислав Крмов од Левица во гостувањето в Сатдион на Канал 77 рече дека државата треба да се концентрира повеќе на колективното, а не да се остави индивидуата сама, државата е систем кој се грижи за државата, а не да го раствора системот на атомизирани единики.

-Нема ниту едно позитивно светско искуство со ова решение, знаете колку држави има во светот со етнички лични карти, нула, држави во Европска унија, нула. Од пред 15 години имало околу 20 –на држави со вакво решение и по одредени студии кога виделе колку е штето ова за едно општество тие ги исфрлиле. Сега имаме само 6 или 7 држави мислам во светот што имаат вакво „решение“.
Македонците тука се доминатниот национален елемент, македонците биле етничка заедница во кралевска Југославија, преку НОБ, против фашизмот и се имаат издигнато како народ кои имаат своја држава. Кога ќе кажам народ, не мислам на етнички народ, сите се дел од македонскиот народ. И сега со овие лични карти тој се спушта во смао една од останатите етнички заедници, додаде Крмов.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.