ММС

Објавено на: 02/20/21 10:34 AM

Пренџов: Македонскиот народ се чувствува загрозен во сопствената држава

Во денешната емисија „Стадион“ на Канал 77 гостин е Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ и Борислав Крмов од Левица, а темата е етничката припадност во личните карти, демократија или нова дискриминација, гетоизирање и поделба на општеството.

-Јас немам ништо против во личната карта моја да стои Љупчо Пренџов, коса црта Mакедонец, дури сакам да имам и право на избор тоа да го вметнам во моја лична карта. Тоа е мојот категоричен став.. Ние како политичка партија не сме се залагале за ова, затоа што има побитни работи од суштинско значење на граѓаните, но во истовреме и ова е многу важно. При секоја посета на општинска организација, при секоја средба со граѓаните вие гледате еден пад на енергијата на македонскиот народ кој што се чувстува загрозен во сопствената држава, не може да се искаже дека е македонец и дека живее во Република Македонија, рече Пренџов.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.