ММС

Објавено на: 02/20/21 8:44 AM

И Струмица добива Европска куќа

Евроамбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев денеска ќе ја посетат Струмица за да ја отворат новата Европска куќа (Europe House), која е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица и да функционира како младински центар за поширокиот регион.

-Околу една година по отворањето на Europe House во Скопје, и само неколку дена по отворањето на Europe House во Крива Паланка, уште едно место за новите генерации сега се отвора во Струмица. Трите објекти (сега за сега) на Europe Houses се специфично обмислени за да ги задоволат потребите на младите луѓе од соодветните региони и да им понудат можности на младите за развој на нивното критичко размислување и способноста за дебатирање и вмрежување, информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Оттаму појаснуваат дека програмата за отворањето почнало синоќа со светлосна инсталација и настап на локални музичари и уметници. Официјалното отворање вклучува активности на отворено во малиот парк лоциран спроти Europe House во Струмица со учество на локални млади луѓе т.е. хип-хоп танцовото студио One Way, графити уметникот Сашко Николовски, спортисти, уметници, како и Младите европски амбасадори и аташеа од Северна Македонија.

-Градоначалникот Коста Јаневски ќе го предаде клучот од Europe House на младите луѓе од Струмица во присуство на амбасадорот Дејвид Гир и премиерот Зоран Заев. Вечерта се планира light аrt инсталација внатре во Europe House како заокружување на денот на отворањето. Седумдневната програма за отворањето ќе се спроведе во согласност со безбедносните протоколи за ковид-19, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ.

Извор: Facebook /    Europe House Skopje

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.