ММС

Објавено на: 02/20/21 8:21 AM

Синот на Марина Туцаковиќ откри детали за нејзината здравствена состојба

Познатиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ која со години се бори со опасната болест, заврши уште еден циклус на хемотерапија и успешно се опоравува.

Таа веќе се здебелила неколку килограми, што значи дека терапијата делува, а наскоро ја чека и контрола. Тоа за медиумите го потврдил нејзиниот син Милан Радуловиќ, кој оптимистично тврди дека неговата мајка е на чекор до победа на канцерот.

-Марина е лав, борец. Подобро е и сите се надеваме и веруваме дека и така ќе продолжи и од целата приказна ќе излезе како победник. После контролата во март ќе знаеме повеќе информации. Мајка ми изгледа подобро од кога било и многу се радувам што работите одат во добар правец, рекол нејзиниот син за „Свет“ магазинот.

Оваа информација ја потврдила и куќната пријателка на Марина, која рекла дека Марина сега повеќе се движи и има повеќе енергија.

-После еден напорен период, кај Марина се приметува јасно подобрување. Таа е сеуште далеку од потполно здрава личност, но овој чекор е за радување. Хемотерапијата и лековите лекуваа едно, а правеа други проблеми, но што е најважно борбата со метастазите напреднува. И се враќа бојата на лицето. Посвежа е и пораздвижена во однос на претходниот период. Го заврши седмиот циклус на хемотерапија, сега мирува, зема природни лекови за јакнење на имунитетот, а на почетокот на март ќе оди на контрола да се види дали и колку се повлекле метастазите. Судејќи по неа, веруваме дека се и дека е подобро, рекла нејзината пријателка.

Извор: Република.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.