ММС

Објавено на: 02/19/21 10:03 PM

Време: Почнува период на постепен пораст на температурите

Утре, според прогнозата УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринските температури од -6 до +2, а дневните од 4 до 14 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта почнувајќи од североисток ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од слаб снег. До утринските часови врнежите ќе престанат.

Од недела следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.