ММС

Објавено на: 02/19/21 8:41 PM

(ВИДЕО) Балканското суеверие не ја заобиколи и НБА: Танасис „чукна во дрво“ пред изведувањето на слободните фрлања на неговиот брат

Синоќа во НБА лигата Tоронто Репторс го совлада еден од главните фаворити за трофеј сезонава, Милвоки Бакс (110:96), во одличното издание на Сиакам и Пауел кои комбинирано постигнаа 53 поени.

Тимот предводен од грчкиот центар Јанис Адетокумбо го забележа петтиот последователен пораз и со тоа навести дека се наоѓа во мини-криза, од резултатски и играчки аспект.

Во втората половина од третата четвртина, лидерот на франшизата од Истокот се најде на линијата за слободни фрлања. И додека Јанис се подготвуваше да ја исфрли топката од местото на кое најмалку процентуално се снаоѓа, неговиот брат од клупата, Танасис, „чукна во дрво“, она од паркетот во моментот, за да му испрати среќа на далеку попознатиот и поквалитетен брат, по стариот добар балкански обичај.

 

Суеверието овојпат „се покажа“ и Јанис го погоди слободното фрлање. Во иднина,  Танасис би можел почесто да „чука во дрво“ кога брат му ќе се обиде да шутира за три поени. Можеби…којзнае.

 

 

 

 

Фото:

fiba.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.