Виктор Петков, македонскиот репрезентативец по трките во финалeто во велеслалом на Светското првенство во Кортина Д’Ампецо, го освои 36 тото место.
Петков (21) кому ова му е трет настап на светските првенства успеа да се пласира во втората трка на велеслаломот, откако првата трка ја извози за време од 1:30.27 со што го освои 51. место. Тој доцнеше 12.72 секунди првопласираниот французинот Алексис Пантуро. Во втората трка извозе со време1:31.02 со што во вкупниот пласман од сто натпреварувачи го зазеде 36 место и вкупно време 3:01.32. Со овој резултат, годинава тој е најдобро пласираниот македонски натпреварувач и чекори кон освојувањето на олимписката норма и настап на зимските олимписки игри во Кина.
Виктор утре ќе вози во квалификациската трка во слалом заедно со уште тројца македонски скијачи. За влез во финалето ќе скијаат: Дардан Дехари Влатко Анастасоски и Мирко Лазарески.
(З.Г.М.)