ММС

Објавено на: 02/19/21 7:26 PM

Велешанец кој не носел маска избегал од легитимирање, по приведувањето му се слошило, а потоа починал во болница

Вчера во 13.40 часот на ул.„Никола Карев“ во Велес при легитимирање на З.П.(60), кој не носел заштитна маска, истиот го турнал полицискиот службеник и се дал во бегство, но набрзо бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

Кога З.П. бил донесен во полициската станица, му се слошило и била повикана екипа на итна медицинска помош која откако му пружила помош го пренела во Медицински центар во Велес, каде по кратко време починал. Известен е јавен обвинител по чија наредба  телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, соопштуваат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.