ММС

Објавено на: 02/19/21 6:51 PM

Африка со најава за 300 милиони руски вакцини

Африканската унија денеска соопшти дека Русија и’ понудила 300 милиони дози вакцини против Ковид-19 „Спутник“, заедно со финансики пакет за земјите што сакаат да обезбедат вакцини. Руската вакцина ќе им биде на располагање 12 месеци, почнувајќи од мај, јавува „Ројтерс“.

Африканската унија е нејзините 55 земји-члени се надеваат дека 60 отсто од вкупно 1,3 милијарди жители на континентот ќе бидат вакцинирани во следните три години. Претходно Африканската Унија тврдеше дека обезбедила за годинава 270 милиони дози од вакцините АстраЗенека, Фајзер и Џонсон и Џосон.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.