ММС

Објавено на: 02/19/21 6:27 PM

(Видео) Цел живот ја сакаше само Оља- Најубавата љубовна приказна ја испиша Балашевиќ

Ѓорѓе Балашевиќ нè напушти денес на 67-годишна возраст, а неговиот живот, освен емотивните стихови, секако го обележа и љубовта со неговата сопруга Оливера. Балашевиќ отпеа толку многу емотивни балади што никогаш не остави никого рамнодушен во текот на неговата долга кариера. Сепак, многумина се прашуваат дали би имало такви песни ако популарниот текстописец не се сретнеше со својата сопруга Оливера уште во 1979 година, со која беше во брак четири децении и која му беше најголема поддршка, но и инспирација.

Познатиот кантавтор  ја запозна младата Оливера Савиќ од Зрењанин, српска поранешна репрезентативка во гимнастика. Двајцата биле гости на телевизија Нови Сад – Оливера како спортист, и Ѓорге како музичар. Црвенокосата девојка која студирала организација на работата во Нови Сад, во тоа време не ни сонувала дека ќе се „до даска“ ќе се заљуби во тој „неуреден“ и „незадолжителен“ млад човек со гитара.

Одлична гимнастичарка во четири спортски дисциплини, со неколку медали и награди, таа морала да одлучи помеѓу нејзината љубов и оваа нова, која штотуку се родила.

– И тука преовладувам јас како пета дисциплина – изјавил Ѓорге во декември 1981 година.

Всушност, преовлада љубовта на двајца млади со исти желби и интереси.

– Во една прилика заедно го гледавме натпреварот Хајдук – Хамбургер – продолжил Ѓорге.

– Одеднаш Оља ја стави раката преку моето рамо и рече: „Овој Златко Вујовиќ е опасен фудбалер“. Тогаш си реков: Ја најдов вистинската личност, пријател кој разбира и други работи. Се женам веднаш – готово е!

Оливера и Ѓорге не се венчале веднаш, иако решиле да ја поминат иднината заедно. Малата Јована е веќе била родена, таа била бебе со неполни шест месеци,  кога решиле да ја завршат и таа формалност.

– Малку се плашев од тоа затоа избегнав многу формалности во мојот живот. Кога дипломирав, беше вистинска можност да облечам костум, но го избегнав поради околности, не дојдов на прославата. Дури и подоцна, никогаш не облеков костум – изјави тој додава:

– Сакав да се венчам на 15 август, кога е најтопло, за да бидам во маица. Сепак, се согласивме дека ќе биде на 7 мај, бидејќи ситуацијата околу моето доаѓање од војска беше целосно неизвесна. Не бев формално како глава на семејството. Документот беше многу важен. Но, не сакавме никакви церемонии и помпа. Избравме четврток. Не сакавме да биде ниту сабота или недела, затоа што токму тогаш се венчаа некои од моите пријатели и јас не сакав да се сретнам и да правиме врева, да врескам нешто, да скокаме … Никому не кажавме, се подготвивме на брзина, дури и малку доцневме … Биља, кумата дојде во последен момент, и му реков на Борчек да  реков да ја донесе личната карта, дека станува збор за снимање, само за да не се појави со подарок и костум. Влеговме кај матичарот, но веќе нè чекаа пријатели кои сепак успеале да „провалат“. Тоа беше мала, слатка церемонија што подоцна ја продолживме дома, строго со сендвичи. Се чувствував добро како да не сум младоженец. Бев во елегантни црни вечерни фармерки, чевли со добри елементи на патики, не сакав да носам патики од почит кон мојата сопруга. Оља носеше убав бел фустан, само без тие „џинџури“ на главата.

Своја верзија за стартот на нивната љубов имала и Оља, која во интервју изјавила дека се почнало во студентската соба, каде што тогаш живеела, каде и денес на влезната врата стои натпис „Додека таа не слета низ студентскиот ходникот … Оља и Ѓоле Балашевиќ, 1 јуни 1979 година“. Токму од тука  почнала најубавата љубовна приказна …

– Мајка ми многу тешко и емотивно го преживеа тоа што се селам за Нови Сад и ќе бидам сама, дури ми наоѓаше момчиња. Имав цимерка Весна од Чачак. Запознав многу луѓе со кои и денес сум во контакт – изјавила Оља Балашевиќ во едно интервју.

Наскоро, во нејзиниот живот се појавило момче, тогаш добро познат кантавтор од Салајка, а нејзиниот студентски живот Балашевиќ ја опеал во песната „Провицијалка“.

– Тој тврди дека песната е поврзана со оваа соба. Знам дека читав белешки за предавања на масата, се подготвував за испит и често гледав низ прозорецот чекајќи да се појави. Тогаш немаше мобилни телефони, па Ѓоле свиреше под прозорецот. Таа свирка ја користи и денес кога ќе залутамне во некој град или трговски центар. Кога ќе го слушнев неговиот свиреж, ќе истрчав низ ходникот со брзина на светлината за да го видам, така што таа песна ја раскажа на многу убав начин – рече Оливера.

Од нивната љубов, се родија три деца, Јована, Јелена и Алекса. И од 2013 година, ова семејство е побогато за двајца внуци од нивната ќерка Јелена.

Како што се пишуваше, Балашевиќ неколку недели се обидуваше да се лекува дома, но кога неговата здравствена состојба се влоши, тој итно беше пренесен на Клиниката за инфективни болести во Белград, што беше голем шок за него и за неговото семејство во тоа време.

Тогаш беше утврдено дека Ѓорге има воспаление на двете белодробни крила и дека е неопходна негова хоспитализација. Семејството Балашевиќ верувало дека ќе се опорави, имајќи предвид дека ја добил целата неопходна помош и грижа, но тој не успеал да ја добие битката со короната.

Извор: blic.rs/alo.rs/ novosti.rs

Фото: novosti.rs/facebook.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.