ММС

Објавено на: 02/19/21 5:32 PM

Првата доза на вакцината на „Фајзер“ и „БајоНТех“ во Израел ефикасна 75 отсто

Резултатите од истражувањето спроведено во Израел покажуваат дека првата доза од вакцината која ја развија „Фајзер“ и „БајоНТех“ против Ковид-19 е ефикасна 75 отсто, јавува aгенцијата Анадолија (АА).

Во весникот „The Lancet“ се објавени резултатите од истражувањето на израелскиот Здравствен центар „Шеба“ во врска со вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“.

Болницата имаше надзор на 7.214 медицински работници две недели откако ја добиле првата доза од вакцината, па сѐ до четвртата недела, кога ја добиле втората доза. Тие ги споредија резултатите со контролните податоци и заклучија дека самата прва доза овозможува 85 отсто помалку симптоматски болести и намалување од 75 отсто кога е во прашање заразата.

Главниот лекар на Здравствениот центар „Шеба“, Арнон Афек, изјави дека истражувањето ја поддржува одлуката на британските власти на своите граѓани да им даваат една доза од вакцината.

Експертите сметаат дека ова истражување го поддржува ставот, со оглед на тоа дека првата доза од вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ дава висока заштита, втората доза да може да се даде подоцна наместо по три недели како што претходно се мислеше.

На тој начин, во краток период може да биде зголемен бројот на лицата кои ја примиле првата доза од вакцината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1