ММС

Објавено на: 02/19/21 3:28 PM

Денеска се регистрирани 415 нови случаи на Ковид 19, починаа 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.549 тестирања, а регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци –  32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 244 оздравени пациенти од:

Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 19 починати лица. Пријавени се шест пациенти кои починале во тек на месеците ноември-декември. Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Направени се 2.549 тестови преку: ИЈЗ-685, ЦЈЗ Скопје-61, Авицена-275, Биотек-261, Жан Митрев (Филип Втори)-139, Систина-213, лабораторија Лаор–202, МАНУ-0, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-10, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-15, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 594, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.