Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските дуели со Данска за пласман на Европското првенство во 2022 година.
Лазаров од неодамна е назначен на оваа функција која ќе ја извршува додека игра, односно ќе биде играч-тренер што е вистинска реткост на терените.
Тој избра 35 ракометари на поширокиот список во пресрет на пресметките со Данска, а ги соопшти и членовите на стручниот штаб.
Поранешниот ракометар Филип Миркуловски се враќа во репрезентацијата со двојна улога, како играч и како тренер. Тој ќе треба да му помогне на Кире на теренот и надвор од теренот целосно да се реорганизира националниот тим и да се извлече најдоброто од младите ракометари кои треба да преземат поголема одговорност.
Покрај нив, во стручниот штаб ќе се најдат уште тројца помошници-тренери, бившите репрезентативци Бранислав Ангеловски и Ацо Јоноски, како и поранешната ракометарка Билјана Црвенковска.
Лазаров ќе почне со селекторската кариера на 4 март, а првиот предизвик ќе му биде мечот со Данска на 11 март во Скопје.