ММС

Објавено на: 02/19/21 2:54 PM

Обид за силување на пешачката патека во Штип

Првиот мрак на популарната пешачка патека го искористило машко лице, кое се обидело да силува штипјанка, која во тоа време рекреирала. Случајот е пријавен во штипската полиција.

-На 18.02.2021 во 17.33 часот во СВР Штип, 33 – годишна жена пријавила дека околу 17.00 часот на пешачка патека покрај река Брегалница во Штип, едно лице се обидело да изврши обљуба над неа, но не успеал во намерата. Се работи на расчистување на случајот, соопшти СВР Штип.

Патеката покрај реката Брегалница е фрекфентно место за рекреативци, велосипедисти, џогери, со присуство на деца, млади, пензионери, семејства, кои во време на пандемија го имаат како едно од ретките места во Штип за престој во природа.

 

фото:Порта3


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.