Џоди Лиг Фокс (24) вози автобус во Велика Британија и ги руши стереотипите што ја направија хит на социјалните мрежи.
Со оваа работа таа започнала пред три години и вели дека патниците редовно и велат дека е „премногу убава за таа работа“, пренесува „Индекс.хр“.
– Кога мажите влегуваат во автобус, секогаш ја имам истата реакција, што е главно: „Ти си толку убава“ или „Никогаш во животот не сум видел толку убав возач на автобус“. Луѓето исто така велат дека сум премногу убава за оваа работа, но добивам коментари и од жени кои редовно ги фалат моите нокти, фризура или шминка – вели Џоди.
Кога започнала да споделува видеа за нејзината работа на „ТикТок“, привлекла голем број следбеници. Сепак, нејзиниот ТикТок во моментов е деактивиран.
– И претходно имам објавено снимки, но не во работна униформа. Само кога објавив дека сум возач на автобус, луѓето полудеа – изјви оваа Британка која порано работела како негувателка.
И покрај нејзината популарност на социјалните мрежи, Џоди вели дека не планира да ја напушти работата и дека ќе вози автобуси до пензија.
Извор: Блиц.рс
Фото: Инстаграм