ММС

Објавено на: 02/19/21 12:28 PM

На автопат возел 300 километри на час и се снимал на Тик-Ток

Сообраќајната полиција во Тетово го открила и санкционирала 24-годишниот Б.Ј. од истиот град кој управувал автомобил од марката БМВ со тетовски регистарски ознаки и околку 12.30 часот на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час. Б.Ј. потоа видеото го поставил на социјалната мрежа „Тик-ток“.

Од МВР информираат дека согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Б.Ј. му е изготвен поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.