ММС

Објавено на: 02/19/21 12:11 PM

Немало предупредување од странски дипломат за личните карти, рече Заев

За впишување на етничката припадност во личните карти по предлог доставен во Собранието од Беса, не стигнало предупредување од ниту еден странски дипломат затоа што се работи за идентитетски прашања на сите етнички заедници. Ова го откри Заев одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Кејот 13 ноември.

„Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Норамално беа, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор. Така што нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други“, рече Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.