ММС

Објавено на: 02/19/21 11:58 AM

Горан Пандев и Вероника Костовска се спортисти на годината

Најдобриот македонски фудбалер и најдобрата каратистка Вероника Костовска се прогласени за спортисти на годината во изборот што традиционално го прави Агенцијата за млади и спорт.

АМС го прогласи Пандев за лауреат за 2020 година откако тој ја предводеше Македонија до пласман на Европското првенство, а во борбата за првото место ги победи Дејан Георгиевски (таеквондо) и Емил Павлов (карате).

„Жалам затоа што не сум во Македонија во моментов, па морам преку видео врска да се заблагодарам за наградата. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, но за оваа награда се заслужни сите во македонската репрезентација, од селекторот, па преку соиграчите, физиотерапевтите и економите зашто создадовме семејство. Ова за мене е поттик да продолжам понатаму“, изјави Пандев.

Во отсуство на Горан Пандев ,наградата за најдобар спортист премиерот Зоран Заев му ја врачи на брат му, Сашко Пандев.

Селекторот на фудбалскиот национален тим, Игор Ангеловски е избран за најдобар тренер, ФФМ е најдобра спортска федерација, а без дилеми фудбалската репрезентација е најдобра екип за минатата година.

Во категоријата најдобар спортист со инвалидитет е избран шахистот Владимир Тркаљанов, каратистот Роберто Ацковски е избран за најдобар млад спортист, а каратисткатА Магдалена Божиновска за најдобра млада спортистка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.