ММС

Објавено на: 02/19/21 11:39 AM

Одобрен Анекс на Договорот за набавка на вакцини од СЗО за употреба во итни случаи

Владата денеска на седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување Анекс на Договорот за преземени обврски од 19 ноември 2020, кој го склучи со Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ / GAVI ALLIANCE), за набавка на одобрена вакцина за КОВИД-19 преку КОВАКС-механизмот  за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни антиковид-вакцини.

За спроведување на набавката вакцината мора да виде одобрена и оттаму Владата даде согласност за склучување Анекс на Договорот во кој „одобрена вакцина“ значи вакцина против КОВИД-19 во однос на која ГАВИ има стапено во Обврска за напредна набавка и која има претквалификација од Светската здравствена организација (СЗО), стандардно/условно одобрение за пуштање во промет или одобрение за употреба во итни случаи, воспоставено од Строго регулаторно тело (СРТ) или Список за употреба во итни случаи на СЗО, соопшти прес-службата на Владата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.