ММС

Објавено на: 02/19/21 9:52 AM

Санкционирани 216 возачи во Скопје, 29 за брзо возење, 52 прекршоци за пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во засилени акциски контроли во сообраќајот, само на територијата на град Скопје изрече вкупно 216 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 29, 52 прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возење без возачка дозвола.

Изречени се 13 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.