ММС

Објавено на: 02/19/21 9:19 AM

Публиката се враќа во Битолскиот театар, вечерва премиера на „Ноќта кога ја убив месечината”

Публиката се враќа во Битолскиот театар. Вечерва актерите премиерно ќе ја изведат театарската претстава „Ноќта кога ја убив месечината”.

Театарскиот проект инспириран и работен по „Мостот” од Лорен ван Велтер ќе се одигра на големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге”, а ќе настапат Марјан Ѓорѓиевски кој воедно е режисер на претставата, Александар Копања и Валентин Светозарев, воедно и сценограф на првата театарска премиера во оваа година.

Во подготовката на „Ноќта кога ја убив месечината” која финансиски е поддржана од Министерството за култура, учествуваа и кореографот Валентино Апостоловски, костимографот Благој Мицевски, тон-дизајн Николче Терзиевски, светло-дизајн Горан Петровски и инспициентот Димитар Михајловски.

Претставата е поставена на редовниот театарски репертоар и ќе се игра секоја вечер од 20 часот, на големата сцена „Благој Стефановски-Баге”, со примена на мерки за заштита од Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.