ММС

Објавено на: 02/19/21 7:46 AM

Посебен сообраќаен режим од 14 до 17 часот во Скопје

МВР најавува посебен режим на сообраќајот на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул. „16-та Македонска бригада“ и ул. „Интернационални бригади“.

Како што најавуваат од Министерството, ова следи по најавениот протест во временскиот период од 14 до 17 часот во текот на денешниот ден, како и во понеделник и вторник следната недела.

Протестот е организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото-студија и музички бендови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.