ММС

Објавено на: 02/18/21 10:10 PM

Време: Утре сончево, студено утро, дневната температура до 14 степени

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде, според прогнозата на УХМР, времето утре. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен југоисточен ветер. Утринските температури од -2 до -10, а максималните дневни од 4 до 14 степени.

Следува период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. В сабота во текот на ноќта во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.