ММС

Објавено на: 02/18/21 9:00 PM

Грузискиот премиер поднесе оставка

Грузискиот премиер, Гиорги Гакариа, денес објави дека поднесува оставка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гакариа за новинарите во главниот град Тбилиси изјави дека поднел оставка поради несогласувањата во мислењето со својот тим за потерницата распишана по Ника Мелија, шефот на главното опозициско Обединето национално движење.

Критикувајќи ја одлуката за апсење на лидерот на опозицијата, Гакариа изјави дека тоа ќе ја поттикне политичката напнатост која веќе владее во земјата.

Грузијското Министерство за внатрешни работи соопшти дека операцијата на апсење на Мелија привремено е одложена по оставката на Гакариа.

Другите опозициски партии исто така го критикуваа судскиот налог за апсење на Мелија.

Се очекува дека владејачката партија Грузиски сон во рок од една недела ќе предложи нов премиер и членови на кабинетот за одобрување на грузијската претседателка Саломе Зоурабичвили.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.