ММС

Објавено на: 02/18/21 8:41 PM

(ВИДЕО) Го паметите Рори Делап? Ова е неговиот наследник од Иран

Љубителите на Премиер Лигата со сигурност се сеќаваат на Ирецот во редовите на тогашниот прволигаш Стоук, Рори Делап.

Играчот од средината на теренот не се одликуваше со којзнае какви фудбалски квалитети. Но, дефинитивно Рори Делап се разликуваше од сите свои колеги во лигата по едно нешто. Неговата неверојатна способност за изведување аут ала „снајпер“. Досудениот аут за Стоук честопати за екипата на Тони Пјулис беше идентично што и слободен удар на работ на шеснаесетникот или удар од 11 метри.

Делап добиваше пешкир од децата задолжени за собирање на топките покрај теренот, земаше залет и упатуваше со рака хируршки прецизна топка во петерецот на противничкиот голман.

Откако Рори Делап ги стави копачките на клин, а неговиот син од академијата на Манчестер Сити дебитираше за тимот од „Етихад“ претходно сезонава, на фудбалските терени низ светот не беше појавен негов „достоинствен наследник“. До скоро.

Во Persian Pro Gulf League, фудбалерот на Пајкан, Надер Мохамеди, против Персеполис отиде и чекор подалеку. Тој од половина терен изведе аут кој заврши директно во шеснаесетникот. Аутот можеби немаше да привлече толкаво внимание доколку не беше „зачинет“ и со малку, малку повеќе гимнастика.

 

Мохамади, го положи испитот кај мастерот на аутите, тоа можеме да го потврдиме.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.