ММС

Објавено на: 02/18/21 8:28 PM

Уште еден пораз на ракометарите на „Вардар“ од „ПИК Сегед“: Фатални први десет минути од второто полувреме


По поразот во европската Лига на шампиони  од пред неколку дена во Скопје (26-28), ракометарите на „Вардар“ и вечерва во Сегедин загубија од унгарски ПИК„Сегед“, овој пат со 33-34.

„Вардарци“ речиси целиот натпревар го одиграа добро. Првото полувреме го завршија со водство од 19-17. Но, фатални беа првите десетина минути од второто полувреме, во кои скопјани како да застанаа. Домаѓините поведоа со шест разлика, па во вториот дел од второто полувреме „Вардар“ се мачеше да го намали водството. На пет минути ред крајот предноста на Унгарците беше намалена само на еден гол, но, сепак, на крајот го добија мечот.

Катрангел бранеше добро на голот на „Вардар“, а најефикасни беа Чупиќ со девет гола, Јотиќ со шест, Дибиров со пет…

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.