Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Ердоган и Путин разговарале за чекорите кој ќе ги развијат односите меѓу Турција и Русија и за регионалните прашања.
За време на состанокот, претседателот Ердоган истакна дека турските и руските експерти можат да се состанат со нивните азербејџански колеги со цел поефикасна изградба на патиштата и железничките транспортни линии во Нагорна Карабах, по Договорот од 11 јануари.
Наведувајќи дека Заедничкиот центар во Агдам успешно ја извршува задачата за следење и контрола на примирјето, претседателот Ердоган рече дека треба да се вложат заеднички напори за сите прашања во однос на заштита на примирјето.
Претседателот Ердоган, истакнувајќи дека е заеднички интерес што побрзо да се реши сириското прашање, додаде дека не треба да се изгуби можноста која е создадена за мир и стабилност во Либија.