ММС

Објавено на: 02/18/21 7:42 PM

(ВИДЕО) Кампацо и под „рагби фаул“ погодува за три поени во НБА лигата

„Ова е офанзивен фаул“, гласно Расел Вестбрук му даде до знаење на главниот арбитар и секако, се посрамоти пред сите. Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Гарисон Метјуз, од само нему добропознати причини и негледајќи воопшто во топката, во рагби стил му се фрли на аргентинскиот кошаркар во редовите на Нагетси со цел да го спречи во шутот за три поени.

И покрај неразумниот потег и флагрантен фаул, некогашниот кошаркар на Реал Мадрид, Факундо Кампацо успеа да го направи она што инаку најдобро го прави. Топката влезе во мрежата, а Кампацо доби и дополнително слободно фрлање.

 

Персоналниот рекорд на поранешниот играч на белградски Партизан, Давис Бертанс (35 поени, девет постигнати тројки) беше причина за трет последователен триумф на Визардси во НБА лигата. Џамал Мареј со 35 и Никола Јокиќ со 33 поени, беа најистакнатите поединци кај поразениот тим на Денвер Нагетс.

A Гарисон Метјуз…неговото име деновиве ќе се поврзува со прашањето „зошто“.

 

 

 

 

Фото:

eurohoops.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.