ММС

Објавено на: 02/18/21 6:14 PM

Mитрополитот Порфириј нов патријарх на Српската православна црква

 

Митрополитот Загрепско-љубљански Порфириј е новиот, 46. патријарх на Српската православна црква.

Српските медиуми пренесуваат дека покрај Порфириј, во апостолскиот ждреб биле и Иренеј Бачки и Јефрем од Бања Лука, но митрополитот Порфирије, стана нов поглавар на Српската православна црква.

Собранието на Српската православна црква, на кое се избираше нов патријарх, се одржа во Белград, во катедралата Свети Сава. Се очекува новиот патријарх да биде востоличен утре.

Порфириј (Првослав Периќ) е епископ на Српската православна црква и митрополитот загрепско-љубљански од 2014 година.

Роден е во Бечеј. Средно училиште завршил во Нови Сад, а во 1986 година дипломирал на Православниот богословски факултет во Белград. До 1990 година, тој бил на постдипломски студии во Атина.

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ),  Иринеј, почина на 20 ноември 2020 година на одделот за Ковид-19 во Воено-медицинскиот центар во Белград.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.