ММС

Објавено на: 02/18/21 3:22 PM

СКСЗМ: Државната помош на незавидно ниво, вакцините и пописот клучни, честите избори го кочат бизнисот

Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво. Многу бизниси веќе отпуштиле работници, а дел се на прагот на одржливост – апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија. Комората бара вакцините да бидат што поскоро обезбедени, пописот да се спроведе и да нема чести избори, туку да и се остави на секоја влада, ако работи соодветно, да го истера мандатот до крај,

Според СКСЗМ, приоритети за бизнисот и натаму се транспарентноста на средствата што ги троши Владата, рамномерен егионален развој, намалување на невработеноста и зголемување на економскиот раст. Стратешка цел останува и инфарструктурата. Неопходно е реализирање на децениското барање за поврзување на главните градови во регионот и пошироко, со патна и железничка инфраструктура.

Децентрализација е неопоходна, општините мора да имаат мпожност да ги менаџираат средствата.

Секој вонреден изборен циклус, смета СКСЗМ, значи дополнително оптоварување за стопанството и забавување на администрацијата.

-Помошта за бизнис заедницата е неопходна, но ако имаме задоцнување на вакцината ќе мораме да се одржиме во состојба да функционираме и во тој случај владините мерки би требало да продолжат, изјави претседателот на Комората, Неби Хоџа по денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Пописот, оцени Хоџа, е исклучително важен концепт не само за населението, туку и за домашните компании, како и за странските инвеститори.

-Пописот не значи само број на жители, дата база за населението, туку е многу важен и за потребите на бизнисите во државата, како и за потенцијалните инвеститори. Мислам дека пописот е задонет и имаме потреба од негово одржување. Тоа е нашиот став. Разоваравме и за тоа. Целта е да се најде начин да се реализира, зашто навистина имаме потреба од попис, нагласи Хоџа.

Тој уште еднаш повика да има што помалку избори.

-Секои избори се товар и блокирање на институциите и администрацијата. Апелираме да има што помалку избори и тие да бидат редовни за да им се даде можност на владите да си го изменаџираат цел мандат. Ако се востанови дека не оперираат како што треба, ние секогаш делуваме и реагираме, рече претседателот на СКСЗМ.

Лидерот на опозициската партија, Мицкоски, информира дека средбата во Комората била со цел креирање што поквалитетна партиска економска програма во пресрет на претстојните локални избори. Бизнис заедницата, нагласи, има партнер во ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на поддршката со петтиот пакет мерки, Мицкоски констатира дека е недоволна и манипулативна. Бизнис заедницата е условена, или да користи кредитна линија или да земе субвенција. А тутунарите се понижени.  

И да добијат компаниите помош за плати во февруари и март, не ќе можат, оцени, да ги покријат режиските трошоци зашто не оствариле приход.

 -Она што можевме да го слушнеме, а го пренесе и претседателот на Комората директно, е дека количината на помош и начинот на таа помош што се рефлектира од страна на Владата до бизнис заедницата е недоволна и дека е потребна да биде уште поголема за да можат да опстанат, или пак сосема доволно би било оние долгови кои што државните компании ги имаат или локалните компании кои што ги имаат кон бизнис заедницата да бидат навремено сервиси и исплатени. Тогаш никаква помош не би била потребна, ниту пак компаниите би зависеле од таков тип на помош, рече Мицкоски.

-Во услови кога имате хибриден режим и високо ниво на корупција, тогаш нормално дека многу тешко ќе му оди на бизнисот да опстане, да се развива и да го зголемува бројот на вработени. Македонија е практично една од трите држави со најнизок степен или најнизок процент на поддршка на бизнис заедницата во овој период, едвај 3,5 проценти, бидејќи државата се задолжи за една милијарда, милијарда и сто милиона, а во суштина самиот вицепремиер кажа дека се потрошени и стигнале до бизнис заедницата и до граѓаните помош од прилика од 350 милиони. Прашањето е каде отидоа останатите 650, 750 милиони евра, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.