ММС

Објавено на: 02/18/21 2:08 PM

Матурата ќе се полага на 5 јуни со два екстерни и еден интерен испит

Сојузот на средношколци постигна договор со Владата со кое ќе се гарантира квалитет на матурскиот испит, а притоа ќе се овозможи секој матурант да може да се запише на факултетите дома и надвор од земјава.

На состанокот помеѓу средношколците застапувани од Бленди Ходаи и премиерот Зоран Заев, е решено матуратата да се помести од 29 мај на 5 јуни и да се полагаат два екстерни испита, а третиот во интерен испит.

„Мило ми е што со сојузот на средношколци, низ дијалог најдовме компромисно и квалитетно решение со кое се гарантира квалитет на матурскиот испит. Потребно беше прилагодување на концептот на државната матура поради влијанието на пандемијата врз образовниот процес. Свесни сме дека во време на пандемија треба да излеземе во пресрет и да го најдеме најдоброто решение. Оваа година е различна од сите досега и нужно беше државната матура да претрпи измени. Со нив ниту еден матурант нема да има проблем да се запише на некој од домашните ниту на странските универзитети. Се договоривме за формирање на работна група помеѓу Бирото за развој на образование и средношколците во надлежност на Министерството за образование и наука која ќе одлучува за кратење на програмите за екстерни испити, како и матурата да започне една недела подоцна, наместо на 29 мај да започне од 5 јуни. Целиот овој процес треба да заврши до средината на март. Сакам да потенцирам дека претставниците на средношколците ми ги изложија своите аргументи и имаа слух за ставовите на Владата. Ги охрабрувам сите млади луѓе да се борат за подобро утро, да реагираат на секоја ситуација која налага промени и на овој демократски начин да ги решаваме проблемите. Матурантите и Сојузот покажаа храброст во полза на наоѓање решение за нивните соученици – истакна Заев по состанокот.

Бленди Ходаи испрати прво порака до матурантите  и им честиташе за нивното единство и упорност со кои дојдоа до компромис кој ги задоволи нивните барања, а не го наруши системот на образование.

„Работната група ќе работи на скратување на програмата за екстерните испити. Наставниците да ги споделат материјалите за испити и банките да не доцнат со прашања, односно да ги имаат три недели пред денот на испитот. Тие треба да содржат најмалку 60 а најмногу 100 прашања. Коефициентот ќе се зголеми кај соодветниот екстерен испит од 0,5 на 0,9, односно од пет поени на девет. Државниот испитен центар ќе го врати предметот естетика и филозофија како втор екстерен испит во средните уметнички училишта.  Универзитетите да објават кои од листата на наставни предмети се соодветни за нивните студиски програми. Учениците кои ќе полагаат државна матура треба повторно да ги регистрираат своите испити најдоцна до 5 март. Ќе се промени начинот на добивање на поени од интерниот испит. Сега ќе се земат оценката од испитот и просекот по предметот како основа за добивање на поените. Овој компромис со овие десет на број, е олеснување кое го чува квалитетот на образованието – истакна Ходаи и додаде дека матурантите само сакале да бидат слушнати и да создадат реални услови кои соодвествуваат на пандемијата.

Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.