ММС

Објавено на: 02/18/21 1:02 PM

Демири: Слободни 7.000 работни места, најмногу се бараат програмери, хигиеничари, келнери, продавачи, шивачи

На веб-страницата на Агенцијата за вработување на дневна основа во просек има активни конкурси и меѓу 6.000 до 7.000 слободни работни места, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири.

Одговорајќи на новинарско прашање Демири рече дека во зависност од степенот на потребното образование, работодавачите најмногу огласиле слободни работни места за занимањата: работник за едноставни работи на производствена линија, општ работник, хигиеничар на производствени работни простории, продавач, програмер, келнер, шанкер, шивач, возач на камион, обезбедувач за заштита на лица и имот, хигиеничар на станбен и деловен простор, ѕидарски работник, армирачки работник, тесарски работник и други занимања.

Директорот Демири појасни дека Агенцијата за вработување е институција која работи според законски прописи, води евиденција на невработените лица и имлементација на Оперативниот план за програми и мерки и во таа насока, како што рече, Агенцијата е само како посредник на објавување на огласите на работодавачите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.