ММС

Објавено на: 02/18/21 10:57 AM

275 санкционирани возачи во Скопје: 67 за брзо возење, 11 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 67, 16 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.