ММС

Објавено на: 02/18/21 10:41 AM

Штркови среде зима забележани во Тиквешијата

Иако сме среде зима, два штрка деновиве се видени во селото Манастирец. Од здружението за заштита на природата „ Аквила“ Кавадарци, велат дека најверојатно овие птици и воопшто не се заминати од овој крај.   Според нивните согледувања, штрковите се останати овде, бидејќи долг период температурите и не одговараа на зима.

“Бев во селото Манастирец и ги видов. Навистина е чудно штркови да има во овој период од годината кај нас. Но по се изгледа, тие немаат мигрирано, бидејќи сеуште е многу рано  да се имаат повторно вратено. Ги видов во полето, значи тие се во потрага по храна. Во овој период полските глувци им се основна храна“ вели за ММС Емануел Лисичанец, претседател на „Аквила“.

Тој додава, дека во ова село има неколку гнезда на штркови, кои со години опстојуваат, бидејќи мештаните се грижливи кон нив.

 

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.