ММС

Објавено на: 02/18/21 10:35 AM

Од утринава повторно отворен Граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека според информациите добиени од Република Грција од 05.30 часот утринава(18.02.2021) Граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез), инфорираат од МВР.

Граничниот премин Евзони беше затворен поради штрајк на грчките цариници од 05.00 часот на 17.02.2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.