ММС

Објавено на: 02/18/21 10:31 AM

Имав три мозочни удари и инфаркт, животот никогаш нема да ми биде ист: Познатата актерка и пејачка откри детали од животот

Актерката и пејачка открила како едвај извлекла жива глава поради еден трагично погрешен избор.

Документарниот филм за актерката и пејачка Деми Ловато, која се прославила уште како дете, ќе биде премиерно прикажан на Јутуб на 23. Март, а до тогаш од трелерот излегоа шокатни детали од нејзиниот живот.

Во трелерот за документарецот „Demi Lovato: Dancing with the devil“, Деми открила дека после земање на преголема доза на дрога доживеала три мозочни и еден срцев удар, како и дека носи трајно оштетување на мозокот.

Ловато со години се борела со психички проблеми, зависност и пореметување во исхраната, а се кулминирало кон средината на 2018 година, кога за малку ќе умрела. До денес не открила со каква дрога се предозирала, но последиците остануваат.

Деми поради кобната доза на дрога повеќе не може да управува со автомобил, бидејќи мозочните удари и го оштетиле видот, односно има „црни точки“ на видното поле.

„Тешко ми е поради тоа и да читам, веднаш после излегувањето од болница, два месеци не можев да гледам во книга. Се носам со последиците од тоа што го направив, бидејќи се тоа ме потсетува дека можев да умрам. Благодарна сум на тие последици“, рекла Деми, некогашната ѕвезда на „Дизни“ каналот.

„Докторите рекоа дека има уште пет до десет минути живот. Јас сум како мачка, имам девет животи, но ова најверојатно е деветтиот. Се обидувам да се вратам на она што го сакам“, рекла актерката која има само 28 години.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.