ММС

Објавено на: 02/18/21 10:17 AM

„Во баба ми ја гледав мојата мајка“ – Рада искрено за трагедиите во нејзиниот дом

Рада Манојловиќ сподели со јавноста низ што поминала кога минатата година ја изгубила својата баба.

Пејачката открила дека заминувањето на нејзината баба и било особено тешко, бидејќи имала чувство дека нејзината мајка сè уште живее преку неа, која починала пред 15 години по борбата со ракот.

– Знаете како велат, добро, таа беше стара, така требало да биде, но ние ги гледаме нашите баби и дедовци како да се млади и би сакале да живеат засекогаш. Јас и сестра ми имавме посебен вид на љубов кон нашата баба, иако ја викавме нана, како и сите во селото. Таа беше мајка на мајка ми и во исто време  беше и мајка и баба откако ја изгубивме мама во 2004 година. Ја надокнади љубовта на нашата мајка, јас секогаш велев додека беше жива  во нејзиното срце чукаше мојата мајка, чувствував нешто во нејзиниот изглед, нејзиниот глас, имаше движења на мајка ми, се сеќавам на сето тоа. Јас велев дека таа е последното нешто што остана од мајка ми – рече Рада, а потоа зборуваше за тагата со која се соочи по напуштањето на нејзината баба:

– Искулително ми беше тешко да го поднесам, толку тешко што се повлеков четири месеци, на никого не се јавував и не излегов од соба – беше искрена пејачката и додаде ова со коронава уште повеќе ја уништило, но сепак успеала да сфати некои работи.

– Многумина ме прашаа: „Како го издржа сето ова со короната и изолацијата“ и велам дека не ме погоди само короната , но и дека ќе ми беше полесно, да ја имав само таа грижа, каде одиме, што како, и сеа таа грижа за здравјето … Ова навистина ме уништи емотивно, некако имам чувство дека дојдоа тие,  тешки години кога  се случи тоа  со баба ми, искрена беше пејачката


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.