ММС

Објавено на: 02/18/21 9:58 AM

Се вакцинирала преку ред: Манекенката Елизабета Каналис ја налути јавноста

Манекенката, Елизабета Каналис се пофали дека се вакцинирала против коронавирусот преку ред. Таа е вакцинирана во Лос Анџелес и во врска со ова се огласи на социјалните мрежи, но поради тоа што не спаѓа во ниту една ризична група, предизвика негативни реакции кај јавноста.

Неодамна преку ред во Велика Британија се вакцинираше актерката Кортни Лав, а сега истото го направи и манекенката Каналис.

-Благодарна сум на оваа земја што ми даде прилика да се вакцинирам. Идната недела конечно ќе може да ја прегрнам својата мајка за која би сакала сега да е на моето место – напиша Каналис откривајќи дека сега конечно може да планира патување во својата родна Италија.

Со оглед на тоа дека не е дел од ризичните групи, корисниците на социјалните мрежи почнаа јавно да прашуваат како успеала во тоа. По негативните коментари со кои се соочи на Инстаграм, манекенката напиша дека нејзиното пилатес студио се наоѓа во зграда каде меѓу другото, се спроведуваат одредени здравствени активности, па поради тоа вработените во зградата ја примиле вакцината. Сепак, Елизабета не успеа да ја придобие јавноста со ваквото оправдување.

 

Фото:   Instagram /   littlecrumb_

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.